За списанието
CONTEXT/КОНТЕКСТ е меѓународно научно списание за компаративна книжевност и интердисциплинарни културолошки истражувања. Во него се објавуваат рецензирани научни прилози на англиски и на македонски јазик со компаративен, меѓукултурен и интердисциплинарен фокус. Неговата теоретска и методолошка рамка е изградена врз принципите на дисциплината компаративна книжевност и областа на културолошките студии. Тоа промовира креативни и критички промислувања на литературата, уметноста и културата. Се објавува во печатена и електронска форма двапати годишно.