КОНСУМИРАЈЌИ ГО „ДРУГИОТ“: ПРИМЕР(И) ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Authors

  • Розита Димова Author

DOI:

https://doi.org/10.37620/EAZ0550010d

Keywords:

етничност, конфликт, материјална култура, потрошувачка, Македонци, Албанци

Abstract

Оваа статија ги опишува локалните и транснационалните процеси кои доведоа до етнички конфликт во Македонија, потенцирајќи ја реартикулацијата на класните, етничките и на родовите разлики кои се јавија како резултат на распаѓањето на Југославија во 1991 и создавњето на независна Македонија. Главна цел на оваа анализа е доменот на потрошувачката и материјалната култура, особено на внатрешните декорации. Предмет на анализата се мебелот, декоративните објекти и поделбата на просторот во домовите на моите информатори, а централната теза е дека потрошувачката ја редефинира етничноста во Македонија по 1991 година. Материјалот добиен од теренското истражување покажува дека материјалната култура и потрошувачката рефлектираат, но исто така и креираат етничка тензија меѓу Македонците и Албанците. Теоретски, оваа статија ги поврзува аналитичките концепти кои преовладуваат во социјалната антропологија, како, на пр., eтничност, материјална култура и потрошувачка, со психоаналитичките концепти на фантазија, порив и на загуба. Оваа врска дава солидна основа за антрополошка анализа која ги зема предвид индивидуалните и колективните искуства на луѓето со различно етничко потекло.

References

Published

2026-02-19

Issue

Section

Статии/Articles

How to Cite

КОНСУМИРАЈЌИ ГО „ДРУГИОТ“: ПРИМЕР(И) ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА. (2026). EthnoAnthropoZoom, 5(5). https://doi.org/10.37620/EAZ0550010d

Similar Articles

31-31 of 31

You may also start an advanced similarity search for this article.