НАРОДНА НОСИЈА ВО ГОРНА ПРЕСПА

Authors

  • Аница Антова Ss. Cyril and Methodius University in Skopje image/svg+xml Author

DOI:

https://doi.org/10.37620/EAZ2323102a

Keywords:

народна носија, Долна Преспа, Аница Антова

Abstract

Ракописот со  наслов: „Народна носија во Горна Преспа“ од  Аница Антова е  напишан на машина за пишување, како семинарска работа на студиите по етнологија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1949г., под менторство на  проф. д-р Бранислав Русиќ. Станува збор за текст на познатиот етнолог Аница Петрушева, чиешто моминско презиме било Антова. Интересот на Аница (Антова) Петрушева за народната носија започнал уште во текот на нејзиното студирање етнологија кај проф. д-р Бранислав Русиќ, а се профилирало во текот на целиот нејзин работен век. Интересот и достигнувањата на Аница Петрушева во доменот на истражувањата на карактеристиките на народната носија, везот и текстилните обработки ја дефинираат како еден од најдобрите познавачи на оваа проблематика во Македонија. Текстот на семинарската работа е зачуван како резултат на грижливиот однос кон сите материјали на проф. д-р Бранислав Русиќ, чијашто ракописна заоставштина се чува во Архивот „Харалампије Поленаковиќ МАНУ. Транскрипцијата на   текстот ја  направи проф. д-р Љупчо С.  Ристески, а  јазикот и текстот се  пренесени во  целост во  оригиналната форма со  цел да  се  забележат јазичните карактеристики на  македонскиот јазик    од  тоа   време, без   лекторски интервенции.

References

Published

2023-12-27

Issue

Section

Етнографија, Теренски материјали / Ethnography, Field Materials

How to Cite

НАРОДНА НОСИЈА ВО ГОРНА ПРЕСПА. (2023). EthnoAnthropoZoom, 23(23). https://doi.org/10.37620/EAZ2323102a

Similar Articles

You may also start an advanced similarity search for this article.