ЕТНИЧКА ГЕНТРИФИКАЦИЈА ТИВКАТА БОРБА ЗА ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ГРАД

Автори

  • Роберт Риѕевски Adam Mickiewicz University in Poznań image/svg+xml Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ1514008r/

Клучни зборови:

етничка гентрификација, гетоизација, етнизација, Македонци, Албанци

Апстракт

По распадот на Југославија може да се забележи значителен пораст на важноста на етничкиот идентитет кај сите балкански држави. Како резултат на тоа, забележлива е една иредентистичка тенденција во овој регион. Борбите за созда- вање на моноетнички држави се претворија во граѓански војни на Балканскиот Полуостров во раните 1990-ти години. Македонија, и покрај тоа што е поранешна република на Југославија, беше релавитно стабилна. Сепак тоа не значи дека етничноста не игра голема улога во независна Македонија. Етничноста го остава својот белег на политиката, општеството и на македонските градови. Во последните години градските власти во Тетово, град во северозападниот дел на Македонија, се обидуваат да наметнат еден нов идентитет. Оваа локална политика е соодветна на пошироката национална борба за национален идентитет и за поседувањето на јавните градски простори. Истовремено, сведоци сме на процесот на еманципација на албанската заедница што влијае на општествените односи. Како резултат на про- мената, етничките Македонци се потиснати надвор од Тетово, вториот по големина град во државата. Во овој текст сакам да покажам дека ова што се случува може да се нарече етничка гентрификација. Ќе се обидам да го развијам концептот на гентрификација (Glass 1964) и накратко да ја образложам легитимноста на проширувањето на овие востановени концепти.

Референци

Преземања

Објавено

2015-10-05

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

ЕТНИЧКА ГЕНТРИФИКАЦИЈА ТИВКАТА БОРБА ЗА ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ГРАД. (2015). ЕтноАнтропоЗум, 14(14). https://doi.org/10.37620/EAZ1514008r/

Слични трудови

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)