ПРИКАЗНИ ЗА „ПРАВОСЛАВНАТА НАЦИЈА“ И „МАКЕДОНСКАТА ВЕРА“ ВЕЛИГДЕН КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПОРЕЧЕ ВО ОДНОС НА ПРОМЕНИТЕ НА ПОЛИТИЧКИОТ РЕЖИМ, ЕТНИЧКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРОМЕНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
DOI:
https://doi.org/10.37620/EAZ15140056mKeywords:
Велигден, религија, православно христијанство, раскажување приказни, изведба, македонски идентитетAbstract
Овој текст се базира на моето теренско истражување во Порече (Република Македонија) во 2010, 2011, 2013 и 2014 година. Моето истражување се однесува на значењето на велигденските празнувања за локалната заедница во Македонски Брод во посткомунистичката трансформација на Македонија и за време на транзицијата од југословенска во независна држава. Во тој тежок транзициски период и под реална закана за македонскиот субјективитет, редовните собири, обредите, разговорите, раскажувањето приказни и заедничката забава го зајакнуваа локалниот идентитет. Овие елементи ја интегрираат заедницата и ги намалуваат грижите на луѓето за нивната иднина и за нивната држава. Во овој случај религија- та е „кодот на значењата“ и таа ја гради општествената кохезија. Таа исто така го претставува „сеќавањето“ за локалната заедница и за нацијата (види кај HarvieuLeger). Обредите и другите симболички практики за време на Светлата седмица (како на пример собирите, процесиите, играта кули итн.) се дел од општествените изведби преку кои жителите на Македонски Брод се сеќаваат, го пресоздаваат, го претставуваат и го играат (изведуваат) сопствениот идентитет и знаењето за минатото на заедницата. Националните и локалните идентитети се создаваат врз база на христијанската религија, територијата на градот или на регионот, македонскиот јазик (особено локалниот дијалект) и разни други специфични навики и обичаи. За локалното население христијанството не е само религија туку е и национален идентитет („нашата македонска религија“, „нашата православна христијанска нација“). Текстот се однесува на симболичките практики повторувани низ годините за време на Велигден од страна на Македонците во Македонски Брод во Порече. Тие практики покажуваат на кој начин овој прзаник ја одржува целата заедница, нејзиниот идентитет и територија и на кој начин го вметнува симболичкиот ред во секојдневниот живот на луѓето.
References
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2015 Мирела Макурат (Author)

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder