ПОЛИТИКАТА НА ФОЛКЛОРОТ, НАЧИНОТ НА НЕГОВОТО СОБИРАЊЕ: ФОЛКЛОРОТ ПОВРЗАН СО РОМСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ФИНСКА ВО РАНИОТ 20 ВЕК

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ16150150s

Клучни зборови:

народни приказни, социјални граници, селско општество, Роми, рурални заедници, понижување, Финска

Апстракт

Романтичкиот национализам од 19 век ја сфаќаше нацијата како еден ентитет, чиишто членови споделуваат заеднички јазик, фолклор, обичаи и традиции. Оваа перцепција на национализмот инспирира собирање фолклор, кој беше третиран како културно наследство на едно општество. Фолклорот беше собиран и интерпретиран заради градење еден голем наратив за минатото, којшто беше исклучив, а понекогаш зол и расистички. Овој текст ги истражува социјалните граници помеѓу руралните селани и Ромите во Финска во раниот 20 век. Користејќи ги народните приказни раскажани во врска со Ромите од финските селани, статијата истражува како ваквите елементи на секојдневната комуникација ги содржат идеите за социјална хиерархија помеѓу граѓаните и, истовремено, начинот на кој тие биле користени како политички алатки. Бидејќи политиката на собирањето фолклор била насочена само кон мнозинските групи, односно кон белите селани и кон малите земјопоседеници, нивните гледишта биле сметани за најважни и највредни. Ромите биле маргинализирани во однос на руралните заедници, но исто така исклучени од идејата за националната припадност, а тоа било правено преку раскажување приказни во кои тие биле исмевани, па дури и остро понижувани.

Референци

Преземања

Објавено

2016-09-05

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

ПОЛИТИКАТА НА ФОЛКЛОРОТ, НАЧИНОТ НА НЕГОВОТО СОБИРАЊЕ: ФОЛКЛОРОТ ПОВРЗАН СО РОМСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ФИНСКА ВО РАНИОТ 20 ВЕК. (2016). ЕтноАнтропоЗум, 15(15). https://doi.org/10.37620/EAZ16150150s

Слични трудови

1-10 од 52

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.