ЕТНОЛОГИЈАТА И АНТРОПОЛОГИЈАТА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: МИНАТО, СЕГАШНОСТ, ИДНИНА

Authors

DOI:

https://doi.org/10.37620/EAZ171600208d

Keywords:

етнологија и антропологија, Босна и Херцеговина, историја на дисциплината, етнолошки и антрополошки истражувања, перспектива во развојот

Abstract

Трудот претставува краток осврт на ситуацијата во која се наоѓа етнологијата и антропологијата во Босна и Херцеговина, од
своето конституирање до современиот период, во текот на различните социоекономски системи и културни рамки, како и на насоките по кои таа можеби ќе се развива понатаму. Поголемиот дел од досегашните истражувања во оваа област доаѓаат од перото на автори од „развиените“ земји, како и од домашните автори што се школувале и усовршувале на тамошните универзитети. Нивниот фокус главно се темели на теми поврзани со воените конфликти и повоената општествена реалност. Меѓутоа, Одделението за етнологија на Народниот музеј во Сараево, пред
почетокот на војната во 1992 година, своето внимание го насочувало кон традициската култура на одделните „етнографски микрорегиони“. Токму поради поврзаноста со музејските, но не и со академските институции, етнологијата во Босна и Херцеговина не ја доживеала антрополошката трансформација што ги зафатила Србија, Хрватска и Словенија во текот на седумдесеттите години на минатиот век. Неколкуте обиди таа да се втемели на универзитетите не вродиле со плод. Како оваа дисциплина понатаму ќе се развива е големо прашање. Сепак, нејзиното понатамошно вообличување има потенцијал за согледување на минатите и сегашните културни и општествени процеси во Босна и Херцеговина. На тој начин се добива увид во тоа дека сложеноста на ова подрачје може во иднина да биде поттик за некои идни истражувања и движења.

References

Published

2019-10-21

Issue

Section

Статии/Articles

How to Cite

ЕТНОЛОГИЈАТА И АНТРОПОЛОГИЈАТА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: МИНАТО, СЕГАШНОСТ, ИДНИНА. (2019). ЕтноАнтропоЗум/EthnoAnthropoZoom, 16(16). https://doi.org/10.37620/EAZ171600208d

Similar Articles

21-30 of 215

You may also start an advanced similarity search for this article.