ВОВЕДЕН ТЕКСТ: ПРОМЕНЛИВИ ЕКОНОМИИ И ПРОМЕНЛИВИ ОПШТЕСТВА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛНИОТ КАПИТАЛИЗАМ: ПОСТСОЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ НА СЛУЧАЈ

Автори

  • Миладина Монова Bulgarian Academy of Sciences image/svg+xml Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ1817008m

Клучни зборови:

економска антропологија, променливи економии, променливи општества, капитализам, Балкан, Македонија, Бугарија, Грција

Апстракт

Овој посебен број се однесува на човечките економии и начинот на кој поединците, семејствата и заедниците наоѓаат свои решенија да се справат со ограничувањата на неолибералниот капитализам. Презентирани се шест оригинални студии од млади истражувачи што работат во Северна Македонија, Бугарија, Грција и Полска, со акцент на економијата на домаќинствата, производството, економскиот живот во руралните и урбаните средини и миграцијата. Сексуалните работници, илегалните производители на тутун, семејствата што се самопретприемачки во сферата на руралниот туризам, производители на храна, луѓе од урбаните средини што замислуваат поудобен живот во романтичните села, како и продавачи на пазарот инвестираат по нешто во нивното претприемаштво, ако не и сè што може да се дефинира како нивен семеен капитал: труд, земја, куќа и пари.

                Три децении по падот на берлинскиот ѕид, ваквите општества веќе не можат да се разберат во рамките на постсоцијалистичката аналитичка рамка, онаа што честопати се користи во анализите за постулирање на еднолинеарниот модел на транзиција од социјализам во капитализам. Всушност, капитализмот е веќе воспоставен систем, а остатоци од социјализмот на некои нивоа, поверојатно, побрзо ќе се пронајдат во големите западни демократии отколку во повеќето поранешни комунистички земји. А сепак, во постсоцијалистичкиот контекст, како и на друго место, луѓето пренесуваат нешто од своето минато секојпат кога ќе се обидат да го избришат и отвораат нови можности и начини на размислување секојпат кога тврдат дека со нетрпение се сообразуваат со капитализмот.

Референци

Преземања

Објавено

2019-12-11

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

ВОВЕДЕН ТЕКСТ: ПРОМЕНЛИВИ ЕКОНОМИИ И ПРОМЕНЛИВИ ОПШТЕСТВА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛНИОТ КАПИТАЛИЗАМ: ПОСТСОЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ НА СЛУЧАЈ. (2019). ЕтноАнтропоЗум, 17(17). https://doi.org/10.37620/EAZ1817008m

Слични трудови

1-10 од 136

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)