ИДЕНТИТЕТ И ЗНАЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА БЕГАЛЦИ ВО СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПОЛСКА: ГЕОПОЛИТИКИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ1918-1958k

Клучни зборови:

Македонци, бегалци од Граѓанската војна во Грција, социологија на знаењето, едукација, проучувања на мигранти, учебници

Апстракт

Од 1948 година, сè до раните 1950-ти години, Народна Република Полска прифатила околу 15 илјади бегалци од Граѓанската војна во Грција. Бегалците, поврзани со поразената страна на Грчката комунистичка војска, сочинувале хетерогена група од Грци, Македонци и Ароманци, вклучувајќи и возрасни и деца. Полска, како многу други источноeвропски земји, ги засолнувала, како дел од солидарноста меѓу комунистичките партии. Сепак, до 1956 година антијугословенскиот дискурс имал доминантно влијание врз судбината на бегалците во Полска, условувајќи бегалците со грчко потекло да бидат фаворизирана група, а оние со македонско потекло да бидат третирани како соработници на Тито.

Трудот има за цел да го претстави македонскиот училиштен систем организиран во Полска за бегалците, вклучувајќи го и непознатиот случај со македонските учебници за децата на училиште подготвени и испечатени во Полска. Анализата на учебниците е ставена во поширока рамка на меѓународната политика на Источниот блок и Југославија, полско-македонските врски во 20 век, како и на социологијата и историјата на знаењето.

Референци

Преземања

Објавено

2021-08-23

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

ИДЕНТИТЕТ И ЗНАЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА БЕГАЛЦИ ВО СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПОЛСКА: ГЕОПОЛИТИКИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО. (2021). ЕтноАнтропоЗум, 18(18-19). https://doi.org/10.37620/EAZ1918-1958k

Слични трудови

1-10 од 215

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)