АВТОБИОГРАФИЈА НА ОСПОРУВАНИТЕ БАЛКАНСКИ ЕТНИЧКИ ИДЕНТИТЕТИ: АНТРОПОЛОШКИ ПРИСТАП КОН РАЗБИРАЊЕТО НА ЕТНИЧКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Authors

  • Александра Баландина Arcadia University, Athens Author

DOI:

https://doi.org/10.37620/EAZ1918-19100b

Keywords:

автобиографија, антропологија, балкански етнички идентитет, Славомакедонци

Abstract

Во овој труд истражувам како политичките истории на грчката граѓанска војна и националистичките идеологии и политики на современите балкански национални држави (Македонија и Грција), од една страна, и постсоцијалистичките трансформации во Источна Европа, од друга страна, создаваат комплексности во процесот на изградба на етничкиот и националниот идентитет на индивидуално ниво.

Ги истражувам овие прашања фокусирајќи се на грчките политички бегалци од грчката граѓанска војна (1946 – 1949) што имаат мешано македонско и грчко потекло и живеат денес во Грција. Фокусирајќи се посебно на мојата семејна историја, сакам да разгледам како историските и политичките детерминанти во регионот на Балканот влијаат врз поединците од три семејни генерации да изберат специфичен етнички идентитет кога им се достапни повеќе од една можност.

Моите цели изгледаат амбициозно. Имам намера да ги постигнам со употреба на она што може да се нарече форма на автоетнографија, што може да се дефинира како автобиографски жанр на пишување и истражување што го поврзува личното со културното, општественото и политичкото „ставајќи се себеси во општествен контекст“ (Reed-Danahay 1997: 9).

Ја избрав автоетнографијата со цел да ги разберам контингентните и контекстуално специфичните начини низ кои се создавани мојот личен идентитет и различностите. Верувам дека прашањата за личниот идентитет можат да послужат за да се расветлат одредени пошироки согледувања за минатите и за сегашните мешани балкански идентитети погодени од грчката граѓанска војна и нерешеното македонско прашање, што се однесува на спорот за „сопственоста на историјата“ и поседувањето на името Македонија. Конечно, автоетнографијата има моќ да ја прикаже комплексноста на емоциите, главно занемарена во дискурсот за формирањето на етничките идентитети на Балканот, и улогата на индивидуалната вклученост во процесот на формирањето на идентитетот.

References

Published

2021-08-23

Issue

Section

Статии/Articles

How to Cite

АВТОБИОГРАФИЈА НА ОСПОРУВАНИТЕ БАЛКАНСКИ ЕТНИЧКИ ИДЕНТИТЕТИ: АНТРОПОЛОШКИ ПРИСТАП КОН РАЗБИРАЊЕТО НА ЕТНИЧКИОТ ИДЕНТИТЕТ. (2021). ЕтноАнтропоЗум/EthnoAnthropoZoom, 18(18-19). https://doi.org/10.37620/EAZ1918-19100b

Similar Articles

51-60 of 86

You may also start an advanced similarity search for this article.