КОНСУМИРАЈЌИ ГО „ДРУГИОТ“: ПРИМЕР(И) ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
DOI:
https://doi.org/10.37620/EAZ0550010dKeywords:
етничност, конфликт, материјална култура, потрошувачка, Македонци, АлбанциAbstract
Оваа статија ги опишува локалните и транснационалните процеси кои доведоа до етнички конфликт во Македонија, потенцирајќи ја реартикулацијата на класните, етничките и на родовите разлики кои се јавија како резултат на распаѓањето на Југославија во 1991 и создавњето на независна Македонија. Главна цел на оваа анализа е доменот на потрошувачката и материјалната култура, особено на внатрешните декорации. Предмет на анализата се мебелот, декоративните објекти и поделбата на просторот во домовите на моите информатори, а централната теза е дека потрошувачката ја редефинира етничноста во Македонија по 1991 година. Материјалот добиен од теренското истражување покажува дека материјалната култура и потрошувачката рефлектираат, но исто така и креираат етничка тензија меѓу Македонците и Албанците. Теоретски, оваа статија ги поврзува аналитичките концепти кои преовладуваат во социјалната антропологија, како, на пр., eтничност, материјална култура и потрошувачка, со психоаналитичките концепти на фантазија, порив и на загуба. Оваа врска дава солидна основа за антрополошка анализа која ги зема предвид индивидуалните и колективните искуства на луѓето со различно етничко потекло.
References
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2026 EthnoAnthropoZoom

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder