УМЕТНОСТ И СОЛИДАРНОСТ: ПРИМЕРИ ОД СКОПЈЕ И АТИНА

Authors

  • Софија Григоријаду Универзитет „Пантеон“, Атина Author

DOI:

https://doi.org/10.37620/EAZ242424112g

Keywords:

град, криза, современа уметност, активизам, уметнички иницијативи, Атина, Скопје, културна економија, компаративност

Abstract

Повеќеслојниот концепт на солидарност се манифестира преку различни практики во различни контексти. Една таква манифестација лежи во последиците од земјотресот во Скопје во 1963 година. За време на Студената војна, Скопје станал симбол на југословенската и светската солидарност. Со овој концепт на солидарност се запознав во летото 2018 година на општинските настани за комеморација на земјотресот. Бидејќи доаѓам од Атина, ми беше познато нешто поразлично: таму, по глобалната финансиска криза во 2008 година, чие влијание се доживуваше две години подоцна, веќе постојните (анти)агонистички практики на солидарност беа прифатени од поширокиот сегмент од општеството vis-à-vis политиките на строги економии. Иницијативите како што се пазари за антипосредници (anti-middleman) и размена, како и сквотовите на мигрантите и уметниците се покажаа како клучни во услови на беспримерна несигурност. Солидарноста истовремено поттикна нови форми на социјалност. Дискусиите со практичарите на современата уметност во Скопје, кои се стремат кон идејата за Европа различна од онаа што беше наметната со проектот „Скопје 2014“ за урбана регенерација, открија слични, но сепак различни поими за солидарност. Се појавија самоорганизирани и самоодржливи уметнички иницијативи, додека други бараа поддршка од приватни фондови, сите работејќи надвор од државните институции.

Овој труд има за цел компаративно да ги испита варијациите на поимот солидарност во доменот на современата уметност и во дијалог со активизмот, како одговор на хетерогените „кризи“ во Скопје и Атина.

References

Published

2026-02-20

Issue

Section

Статии/Articles

How to Cite

УМЕТНОСТ И СОЛИДАРНОСТ: ПРИМЕРИ ОД СКОПЈЕ И АТИНА. (2026). EthnoAnthropoZoom, 24(24). https://doi.org/10.37620/EAZ242424112g

Similar Articles

21-30 of 30

You may also start an advanced similarity search for this article.