СКОПЈЕ ОД ВНАТРЕ: ДОМАШНИОТ ПРОСТОР И ОБЛИКУВАЊЕТО НА СЕКОЈДНЕВИЕТО
DOI:
https://doi.org/10.37620/Keywords:
домашен ентериер, Скопје, секојдневие, етнографија, материјалност, класа, вкус, постсоцијализам, антропологија на домот, миграција, престиж, урбани трансформации, културни практики, нечовечки актериAbstract
Текстот претставува етнографска и аналитичка студија за секојдневниот живот и домашните ентериери во Скопје, разработена преку повеќегодишни теренски истражувања. Авторот ги истражува становите како материјални и социјални простори во кои се пресликуваат пошироките урбани, класни, етнички и културни процеси во постсоцијалистичка Македонија. Низ детални набљудувања, разговори и анализи на предмети, навики, ритуали и општествени практики, текстот ја прикажува динамиката на живеењето како релациска мрежа составена од човечки и нечовечки актери, општествени инфраструктури, материјални објекти и историски контексти. Етнографската перспектива покажува дека домашниот простор е истовремено место на интимност, идентификација и отпор, но и точка каде се пресекуваат прашањата на класа, вкус, модерност, престиж, миграција и секојдневна политичка економија. Посебно внимание е посветено на влијанието
на топлината, комуналната инфраструктура, неформалните мрежи („врски“), пазарната трансформација, естетските класи, како и улогата на социјалните медиуми во хомогенизацијата на ентериерите. Текстот покажува дека анализата на домовите претставува клуч за разбирање на современите урбани процеси и на секојдневните стратегии на преживување, адаптација и значењесоздавање во Скопје.
References
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2026 EthnoAnthropoZoom

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder