НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ И КУЛТУРНАТА ПОЛИТИКА ВО МАКЕДОНИЈА (2006 – 2016)
DOI:
https://doi.org/10.37620/EAZ2222162pKeywords:
Скопје 2014, национален идентитет, нација, политики на сеќавање, колективна мемеорија, културна политика, споменициAbstract
Целта на овој текст е да ја истражи, анализира и евалуира културната политика во Македонија олицетворена во владиниот проект „Скопје 2014“, особено во Музејот на македонската борба за самостојност и независност – Музеј на ВМРО – Музеј на жртвите на комунистичкиот режим, со посебен акцент на посткомунистичките политики на сеќавање, кои се користат за преобликување на посткомунистичкиот и националниот идентитет.
Културните политики што се однесуваат на монументализацијата на историските наративи и култури создаваат нов „национален“ етнички идентитет, што придонесува за понатамошно етнизирање на сеќавањата на заедницата, особено во едно мултиетничко општество. Доколку се продолжи со поддршка на овие политики, постои опасност од создавање на просторни културни енклави со посебни моноетнички идентитетски маркери.
References
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2026 EthnoAnthropoZoom

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder