МЕСЕЧНИКОТ „ВАРДАР“ ВО УРЕДНИШТВО НА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ ОД 1905 ГОДИНА И МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ
DOI:
https://doi.org/10.37620/EAZ2222196rKeywords:
списание Вардар, Крсте Петков Мисирков, Македонци, македонско прашање, МакедонијаAbstract
Првиот и единствен број на списанието „Вардар“ е објавен на 1 септември 1905 г. во Одеса во уредништво на Крсте Петков Мисирков. Идејата и целта на К. Мисирков, била да се привлече вниманието на пошироката јавност во регионот и во Европа кон „македонското прашање“, за програмата и следбениците на македонските национални сепаратисти, како што себеси и следбениците ги нарекува Мисирков, притоа соочувајќи се со сите противници, низ аргументи да се бори против сите што го одречуваат постоењето на одделна словенска македонска народност. К. Мисирков објавува статија посветена на настанувањето и толкувањата на српската и бугарската теорија за народноста на Македонците, каде што јасно укажува на официјалните ставови и од двете страни на непризнавање на посебноста на македонската народност, што пак се одразувало на официјалните територијални претензии на соседните држави Бугарија и Србија врз Македонија. Во следната статија на „Вардар“ се објавени статистички податоци за селата, нивните имиња, за населението според народноста, сопственоста на земјата, бројот на куќи и припадноста според кази во Јужна Македонија, поточно во Пазарско, Солунско, Гевгелиско и Кукушко.
References
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2026 EthnoAnthropoZoom

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder