ФУНКЦИИТЕ НА ФОЛКЛОРОТ ВО ЛЕГЕНДИТЕ (ПРИКАЗНИ СО ХРИСТИЈАНСКА СОДРЖИНА)
DOI:
https://doi.org/10.37620/EAZ1080180nKeywords:
словенечки легенди, усно народно творештво, функции на фолклорот, едукативна/педагошка функција, култураAbstract
Текстот се однесува на функциите на фолклорот што се забележливи во словенечките приказни со христијанска содржина. Анализата се однесува на збирката од 155 словенечки легенди за св. Петар, собрани на територијата на етничка Словенија. Во собраниот материјал можат да се најдат сите четири основни функции на фолклорот според Баском (W. Bascom). Нагласена е едукативната/педагошката функција иако таа се испреплетува со другите функции, особено со функцијата на одржување на потчинувањето кон прифатените обрасци на однесување. Исто така, се покажуваат и функцијата на легализација, функцијата на потврдување на културата и функцијата на оправдување на обредите и институциите на културата со оглед на тоа што тие подразбираат модели на однесување што се прифатени или се пожелни во словенечката култура.
References
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2026 ЕтноАнтропоЗум/EthnoAnthropoZoom

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder