ПРИКАЗНИ ЗА „ПРАВОСЛАВНАТА НАЦИЈА“ И „МАКЕДОНСКАТА ВЕРА“ ВЕЛИГДЕН КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПОРЕЧЕ ВО ОДНОС НА ПРОМЕНИТЕ НА ПОЛИТИЧКИОТ РЕЖИМ, ЕТНИЧКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРОМЕНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Authors

DOI:

https://doi.org/10.37620/EAZ15140056m

Keywords:

Велигден, религија, православно христијанство, раскажување приказни, изведба, македонски идентитет

Abstract

Овој текст се базира на моето теренско истражување во Порече (Република Македонија) во 2010, 2011, 2013 и 2014 година. Моето истражување се однесува на значењето на велигденските празнувања за локалната заедница во Македонски Брод во посткомунистичката трансформација на Македонија и за време на транзицијата од југословенска во независна држава. Во тој тежок транзициски период и под реална закана за македонскиот субјективитет, редовните собири, обредите, разговорите, раскажувањето приказни и заедничката забава го зајакнуваа локалниот идентитет. Овие елементи ја интегрираат заедницата и ги намалуваат грижите на луѓето за нивната иднина и за нивната држава. Во овој случај религија- та е „кодот на значењата“ и таа ја гради општествената кохезија. Таа исто така го претставува „сеќавањето“ за локалната заедница и за нацијата (види кај HarvieuLeger). Обредите и другите симболички практики за време на Светлата седмица (како на пример собирите, процесиите, играта кули итн.) се дел од општествените изведби преку кои жителите на Македонски Брод се сеќаваат, го пресоздаваат, го претставуваат и го играат (изведуваат) сопствениот идентитет и знаењето за минатото на заедницата. Националните и локалните идентитети се создаваат врз база на христијанската религија, територијата на градот или на регионот, македонскиот јазик (особено локалниот дијалект) и разни други специфични навики и обичаи. За локалното население христијанството не е само религија туку е и национален идентитет („нашата македонска религија“, „нашата православна христијанска нација“). Текстот се однесува на симболичките практики повторувани низ годините за време на Велигден од страна на Македонците во Македонски Брод во Порече. Тие практики покажуваат на кој начин овој прзаник ја одржува целата заедница, нејзиниот идентитет и територија и на кој начин го вметнува симболичкиот ред во секојдневниот живот на луѓето.

References

Published

2015-10-05

Issue

Section

Статии/Articles

How to Cite

ПРИКАЗНИ ЗА „ПРАВОСЛАВНАТА НАЦИЈА“ И „МАКЕДОНСКАТА ВЕРА“ ВЕЛИГДЕН КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПОРЕЧЕ ВО ОДНОС НА ПРОМЕНИТЕ НА ПОЛИТИЧКИОТ РЕЖИМ, ЕТНИЧКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРОМЕНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. (2015). ЕтноАнтропоЗум/EthnoAnthropoZoom, 14(14). https://doi.org/10.37620/EAZ15140056m

Similar Articles

11-20 of 72

You may also start an advanced similarity search for this article.