СТАНБЕНАТА ПОЛИТИКА И ДОМУВАЊЕТО ВО СОЦИЈАЛИСТИЧКА МАКЕДОНИЈА
DOI:
https://doi.org/10.37620/EAZ2020242mKeywords:
дом, стан, домување, социјализам, самоуправувањеAbstract
Поседувањето дом како простор (стан или куќа) е неприкосновено право на секоја индивидуа. Домот е центар на светот за секој оној што го поседува, и неговото отсуство предизвикува низа реперкусии во општествениот и социјалниот живот. Домувањето е битен контекст во политичкиот, економскиот и социјалниот живот и зависи од неговите услови. Регулирано и средено домување, како дел од социјалната и просторната политика, е сведок за функционална и развиена земја, a истовремено придонесува за социјална кохезија, зачуван интегритет и благосостојба на секоја индивидуа. Во времето на Југославија, идеолошката обоеност налагала еднаквост при поседување и доделување на стан; декларирајќи го како лична инвестиција и општествено добро, државата имала императив да го обезбеди поединецот со ова добро или да создаде соодветни услови, адаптирани на постоечкиот стандард, тој самиот да го стекне без многу непријатности. Самоуправувањето и здружениот труд воведуваат олеснителни околности за стекнување станбено право, но и низа нерегуларности и недоследности во неговото решавање.
References
Downloads
Published
Issue
Section
License
Copyright (c) 2020 Билјана Милановска (Author)

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder