ОГЛЕДАЛО ЗА „ПОТЧИНЕТИТЕ“ И „ПОНИЖЕНИТЕ“ НА БАЛКАНОТ
ДОИ:
https://doi.org/10.37620/EAZ0440026sАпстракт
Подготвувајќи го текстот „Политизација на етничкиот идентитет на Торбешите („нашинците“)“, наидов на текст на А. Џафери кој го допираше на друг начин истиот проблем. Бидејќи тој текст
претставуваше коментар на текст на г. Кимет Фетаху, кого лично го познавам, се потрудив да го добијам неговиот оригинален ракопис. Г. Кимет Фетаху ме извести дека својот текст го објавил како реакција на пишувањето на г. Исмаил Кадаре во весникот „Шекули“ поради несогласување со неговите тези и навредата упатена на негова адреса. Така стана неопходно да се пронајде и „поводот“ за сите овие текстови објавени во Албанија кои се директно или индиректно поврзани со оваа тема. Кон оваа „полемика за малцинствата и за
балканскиот далтонизам“ го приклучив и мојот готов текст, кој, иако беше работен независно од „поводот“ и „реакциите“, сепак се вклопуваше во „мозаикот“. Текстовите одат според редоследот како што биле објавувани: 1. Исмаил Кадаре, Потчинувањето (на народите) на Балканот, в. „Шекули (Тирана), јануари 2004 година и в. „Кориери“ (Тирана), 30.1.2004 година; 2. Кимет Фетаху, Малцинствата и албанското општество, в. „ Кориери “ (Тирана), 30.1.2004 година; 3. Арбен Џафери, Бура во чаша, „Шекули“ (Тирана), 6. 2. 2004 година. Преводот на македонски јазик на текстот на Арбен Џафери е преземен од неделникот „Дело“(Скопје) бр. 517 од 27
февруари 2004 година, стр. 12-13; 4. Анета Светиева, „Политизација на
етничкиот идентитет на Торбешите („Нашинците“)“ , списание
„Балцанославица“ (Прилеп-Скопје, Македонија) бр. 32-33 од 2003 година, стр.7-23)
Референци
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2026 ЕтноАнтропоЗум

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder