ОБРЕДНАТА СТРУКТУРА РАЃАЊЕ КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТИКВЕШ
ДОИ:
https://doi.org/10.37620/EAZ0550214nКлучни зборови:
бременост, раѓање, леунство, обред, магија, природа, човек, култураАпстракт
Раѓањето на детето претставува најзначаен момент во
животот на секоја брачна заедница. Поради тоа, целокупната обредна
структура е проследена со изграден обредно-религиски систем, кој има за цел да изврши постепен, сигурен и успешен премин од светот од кој се доаѓа во светот во кој се пристигнува. Од емпирискиот материјал собран за сите населени места во Тиквеш е создаден идеалниот модел на обредната структура раѓање, преку кој можат да се следат специфичните елементи што го градат етничкиот идентитет на Македонците од Тиквеш, но и веќе воспоставениот традиционален систем на обредите поврзани со раѓањето на детето на пошироката територија на Македонија.
Референци
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2026 ЕтноАнтропоЗум

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder