ПОЛИТИЧКИ ЗАСНОВАНА „ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ“ ВО СОЦИЈАЛИСТИЧКА МАКЕДОНИЈА (РЕФЛЕКСИВЕН ТЕКСТ ЗА ИЗВОРОТ „МАКЕДОНКА – ОРГАН НА АФЖ“, 1944 – 1953 ГОДИНА)

Автори

  • Ивана Хаџиевска Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ24242442h

Клучни зборови:

Антифашистички фронт на жените во Македонија, АФЖ, политичко дејствување, солидарност, труд, социјализам, држава, женски периодични списанија

Апстракт

Ова е рефлексивен текст посветен на списанието „Македонка – орган на Антифашистичкиот фронт на жените на Македонија“ (1944 – 1953), третирано како посебен периодичен извор. Како официјален орган на организацијата на жените на Комунистичката партија, и прво женско списание на македонски јазик, претставува примарен извор за следење на политичките и пропагираните обрасци на државата за еманципација на жените во рамките на социјалистичката држава. Овој извор може да биде клучен и во истражувањето на концептот и социјалните практики на солидарност меѓу жените. Мојата теза е дека, во рамките на агендата на АФЖ и теренската работа посветена на женската еманципација, се родиле нови односи меѓу жените, во смисла на родовата димензија на социјалниот живот. Оваа „сестринска солидарност“ била основана низ посветеноста на жените за исполнување/решавање на задачите околу родовите прашања во руралните заедници. Така, за првпат во македонскиот историски контекст, новото политичко дејствување на жените во општеството било поврзано со нивна мобилизација и сложена организација надвор од патријархалната структура на роднинските групи.

Референци

Преземања

Објавено

2026-02-20

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

ПОЛИТИЧКИ ЗАСНОВАНА „ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ“ ВО СОЦИЈАЛИСТИЧКА МАКЕДОНИЈА (РЕФЛЕКСИВЕН ТЕКСТ ЗА ИЗВОРОТ „МАКЕДОНКА – ОРГАН НА АФЖ“, 1944 – 1953 ГОДИНА). (2026). ЕтноАнтропоЗум, 24(24). https://doi.org/10.37620/EAZ24242442h

Слични трудови

1-10 од 99

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.