ЕТНОАНТРОПОЗУМ: ИСТОРИЈА НА ЕДНО СПИСАНИЕ И ИДНИНА НА ЕДНА ДИСЦИПЛИНА (2000–2025)

Автори

  • Љупчо С. Ристески Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/

Клучни зборови:

етнологија, антропологија, етноантропозум, отворен пристап, индексирање, двојазичност, јавна антропологија, мемории, дигитални методи

Апстракт

Трудот нуди синтетички преглед на дваесет и петгодишната издавачка дејност на ЕтноАнтропоЗум, рецензирано списание на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Врз основа на отпечатените броеви, како и електронското списание (https://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz), импресумите и апстрактите, се разработени: позицијата и мисијата на списанието; јазиците на кои се објавува и пристапноста; уредувачката структура и меѓународниот карактер на списанието; индексирањето и дигиталната инфраструктура (DOI, отворен пристап); историјатот на објавување и жанровата структура; содржинска анализа со тематски кластери и поместувањата низ децениите. Посебно внимание е посветено на поновите изданија (2021–2024), каде што се очитува јакнење на антрополошкиот дискурс, студиите на сеќавањата и проучувањата на постсоцијализмот, како и иновативните пристапи кон дигиталните пристапи во третманот на културното наследство.

Референци

Преземања

Објавено

2026-02-24

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

ЕТНОАНТРОПОЗУМ: ИСТОРИЈА НА ЕДНО СПИСАНИЕ И ИДНИНА НА ЕДНА ДИСЦИПЛИНА (2000–2025). (2026). ЕтноАнтропоЗум, 25(25). https://doi.org/10.37620/

Слични трудови

1-10 од 18

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)