20 ГОДИНИ ИНСТИТУТ ЗА ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА (2005 – 2025): НАСТАВA, ИСТРАЖУВАЊА И ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.37620/Клучни зборови:
Институт за етнологија и антропологија, студии по етнологија и антропологија во Македонија, културно наследство, антропологија, интердисциплинарност, млади истражувачи, етнографијаАпстракт
Овој труд претставува критичка ретроспектива и стратешка рефлексија по повод дваесетгодишнината од основањето на Институтот за етнологија и антропологија како самостојна академска единица при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Анализата ги следи историските и институционалните услови што го обликувале (не)развојот на етнолошките студии во Македонија – од нивното рано воспоставување и укинување во 1950-тите години, преку музејската и теренската практика како алтернативни форми на дисциплинарна континуитет, до формалната институционална консолидација во 2005 година.
Трудот ги разгледува структурните и концептуалните предизвици со кои се соочува дисциплината, вклучително и недостигот од конзистентна истражувачка политика, ограничената кадровска поддршка и потребата од обновување на системите за вклучување и задржување млади истражувачи. Преку анализа на јубилејната научна конференција „Македонија во етнолошката и антрополошката наука – одвнатре и однадвор“, се прикажува тековната трансформација на полето: од доминација на класични тематски ориентации кон современи, проблемски и јавнo релевантни истражувања. Текстот ја афирмира улогата на Институтот како клучен носител на академска продукција, критичка рефлексија и општествена промисла во национален и регионален контекст.
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2026 ЕтноАнтропоЗум

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder