МИГРАЦИИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ МУСЛИМАНИ ОД СКОПСКА ТОРБЕШИЈА ВО ПЕДЕСЕТТИТЕ ГОДИНИ ОД XX ВЕК
ДОИ:
https://doi.org/10.37620/Клучни зборови:
Скопска Торбешија, македонски муслимани, Торбеши, миграции, пописи на население, ТурцијаАпстракт
Во текстот, врз основа на бројни изворни архивски материјали,
статистички податоци, како и врз основа на етнографска, антропогеографска, антрополошка и историографска литература, се анализира миграциското движење на муслиманското торбешко население од селата: Долно Количани, Држилово, Елово,
Пагаруша, Умово и Цветово од пределот Скопска Торбешија. Се посочуваат мноштво демографски податоци преку кои се следи иселувањето кое, главно, било насочено во правец на Мала Азија, односно Турција, во периодот од Балканските војни сè до почетокот на шеесеттите години на XX век. Акцент е ставен врз миграциското
движење во текот на педесеттите години, кога иселувањето било најмасовно.
Преку конкретниот пример на миграциите од селото Умово се проследуваат демографските, економските и образовните последици од иселувањето.
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2026 ЕтноАнтропоЗум

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder