СТРАТЕГИИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО МИНАТОТО
ДОИ:
https://doi.org/10.37620/EAZ2323010tКлучни зборови:
минато, стратегии за справување со минатото, интердисциплинарни пристапи, повеќедисциплинарни пристапиАпстракт
Скопската промоцијата на македонскиот превод на Засолниште на времето од Георги Господинов во декември 2022 година несомнено беше настан на денот во главниот град на Северна Македонија. Најеминентниот современ бугарски автор Господинов со неговиот најнов роман, што ја доби и интернационалната награда Букер во 2023 година (прв бугарски роман со оваа награда), беа топло пречекани од неговите македонски читатели, со истата помпа што ја добиваат музички sвезди и спортски идоли. Во Засолниште на времето, уште една од неговите студии на врските меѓу минатото и сегашноста – сите навремено преведени на македонски – се прикажува за клиники на минатото каде што се замрзнати различни ери од скорашното минато: идеја што мољневито еволуира од циришкиот центар за Алцхајмер, каде што секогаш се 60-тите на средната класа, до нивото на различните држави во Европа (Европската Унија, поточно). Како крешендо, тековните социополитички тензии ќе резултираат со национални референдуми за децениите во кои граѓаните би сакале да се вратат и живеат. Па така, бугарското општество ќе се подели во однос на две децении, додека Европа ќе застане на работ на втора Прва светска војна. Во контекст на ова сценарио, колку од минатото, прашува Господинов, може еден човек да издржи? (2021, 55).
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2023 ЕтноАнтропоЗум

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder