НАРОДНА НОСИЈА ВО ГОРНА ПРЕСПА

Автори

  • Аница Антова Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје image/svg+xml Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ2323102a

Клучни зборови:

народна носија, Долна Преспа, Аница Антова

Апстракт

Ракописот со  наслов: „Народна носија во Горна Преспа“ од  Аница Антова е  напишан на машина за пишување, како семинарска работа на студиите по етнологија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1949г., под менторство на  проф. д-р Бранислав Русиќ. Станува збор за текст на познатиот етнолог Аница Петрушева, чиешто моминско презиме било Антова. Интересот на Аница (Антова) Петрушева за народната носија започнал уште во текот на нејзиното студирање етнологија кај проф. д-р Бранислав Русиќ, а се профилирало во текот на целиот нејзин работен век. Интересот и достигнувањата на Аница Петрушева во доменот на истражувањата на карактеристиките на народната носија, везот и текстилните обработки ја дефинираат како еден од најдобрите познавачи на оваа проблематика во Македонија. Текстот на семинарската работа е зачуван како резултат на грижливиот однос кон сите материјали на проф. д-р Бранислав Русиќ, чијашто ракописна заоставштина се чува во Архивот „Харалампије Поленаковиќ МАНУ. Транскрипцијата на   текстот ја  направи проф. д-р Љупчо С.  Ристески, а  јазикот и текстот се  пренесени во  целост во  оригиналната форма со  цел да  се  забележат јазичните карактеристики на  македонскиот јазик    од  тоа   време, без   лекторски интервенции.

Референци

Преземања

Објавено

2023-12-27

Издание

Секција

Етнографија, Теренски материјали / Ethnography, Field Materials

Како да се цитира

НАРОДНА НОСИЈА ВО ГОРНА ПРЕСПА. (2023). ЕтноАнтропоЗум, 23(23). https://doi.org/10.37620/EAZ2323102a

Слични трудови

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.