СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА И НАРАЦИЈА

Автори

  • Весна Петреска Institute for Folklore "Marko Cepenkov" Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ15120038p

Клучни зборови:

семејна фотографија, свадба, обреди, терен, нарација

Апстракт

За визуелните документи што настануваат во состав на семејството или се поврзани со животот на определена личност, кои исто така бележат исклучителни моменти од текот на постоењето на едно семејство или пак ги документираат обредите на премин (свадба, раѓање на дете, родендени, смрт и сл.), се смета дека го отсликуваат идеотипското доживување на самиот себе или на семејството. Но, во истражувањето ќе се земе предвид комуникацискиот аспект што го нудат фотографиите во текот на теренското истражување. Акцентот е ставен на искуството здо- биено при сопствените теренски истражувања кога предмет на интерес беа обредите од семејниот циклус, особено свадбата, но и обредите при крштевка, раѓање на дете, кога овие моменти во многу случаи ми беа раскажувани со помош на фотографија. Величествениот однос кон фотографијата, но и можноста за правење фотоприкаска, особено доаѓаше до израз кога кажувачите ќе ги извадеа грижливо чуваните фотографии. Понатамошниот брз развој на фотографијата овозможува јавување на семејните фотоалбуми, кои се најпрво животноисториски класификации, тематизирајќи ги главните фази од животниот циклус. Во овој контекст можат да се споменат семејните албуми со новороденче, крштевка, свадба итн.

Референци

Преземања

Објавено

2015-11-04

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА И НАРАЦИЈА. (2015). ЕтноАнтропоЗум, 12(12). https://doi.org/10.37620/EAZ15120038p

Слични трудови

11-13 од 13

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)