ПОСТСОЦИЈАЛИСТИЧКИ РЕЖИМИ НА МОБИЛНОСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.37620/EAZ16150010blКлучни зборови:
мобилност, миграција, постсоцијализам, Македонија, Албанија, ЈугославијаАпстракт
Овој текст, базиран на моите етнографски истражувања во Македонија и Италија (2008–2014 година), има за цел да ги покаже двата обрасци на мобилност типични по распадот на Југославија. И двата се поврзани со современата политичка и економска ситуација во постјугословенска Македонија, но исто така може да се поврзат со околностите во Југославија. Првиот образец се однесува на работната миграција на муслиманите со македонски мајчин јазик од западните краишта на Македонија во Северна Италија. Вториот вид на мобилност е имиграцијата на жени католици од Северна Албанија во Централна Македонија заради склучување брак. Во контекст на овие два вида мобилност ќе ги вклучам и концептите на режимите на мобилност и постсоцијализмот. Сметам дека, за да се разберат различните движења на луѓето, не можеме да ги разделуваме интернационалната од внатрешната, како и просторната од општествената мобилност.
Референци
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2016 Каролина Бјелинин-Ленчовска (Author)

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.
Open policy finder