ЗА ГРАНИЦИТЕ НА MACEDONIA SECUNDA – ФАКТИ, ПРЕТПОСТАВКИ, РАЗМИСЛУВАЊА

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo1972144tv

Клучни зборови:

ДОЦНА АНТИКА, РИМСКИ ПРОВИНЦИИ, АДМИНИСТРАЦИЈА, МАКЕДОНИЈА, ГРАНИЦИ

Апстракт

Границите на Римската Империја, коишто флуктуирале низ импе-
ријалната историја, биле комбинација од природни препреки и вештачки
утврдувања што ја одвојувале нејзината територија од „варварските“ земји
околу. При проценувањето на територијата на Римската Империја, може
да забележиме различни географски и вештачки административни демарка-
ции. На периферијата ги има границите што ги определуваат физичките ра-
бови на империјата, кои географски ја утврдувале не само големината на Им-
перијата, туку ги определувале и границите на територијата што требало
да биде под владение на администрацијата на Империјата. Проширувањето
на Империјата во доцнорепубликанскиот и (раниот) империјален период до-
вело до зголемување на провинциските територии и граници, одвојувајќи ги
различните провинциски територии една од друга. Изворите за топографија-
та на Македонија во римскиот период се многу сиромашни и покрај многуте
географски и историски дела кои ја третираат нејзината територија. За по-
степеното менување и прекројување на административните граници, созда-
вањето нови и укинувањето на старите провинции, изворите нудат фраг-
ментирана слика, понекаде задржувајќи се само подетално на дефинирањето
на границите. Во тој поглед, обидот за дефинирањe на точните граници меѓу
доцноантичките провинции се темели на неколку сигурни факти и многу
претпоставки.

Објавено

2019-12-16

Како да се цитира

ЗА ГРАНИЦИТЕ НА MACEDONIA SECUNDA – ФАКТИ, ПРЕТПОСТАВКИ, РАЗМИСЛУВАЊА. (2019). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 72(1), 133-154. https://doi.org/10.37510/godzbo1972144tv

Најчитани трудови од истиот автор(и)