КОМПАРАТИВНОТО ПРОУЧУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ПОТРАГА ПО СОПСТВЕНИОТ ИДЕНТИТЕТ: СОВРЕМЕНИ ДИЛЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
КОМПАРАТИВНО ОБРАЗОВАНИЕ, КОМПАРАТИВНА ПЕДАГОГИЈА, КОМПАРАТИВНО ПРОУЧУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТОАпстракт
Трудот ja истражува актуелната ситуација и некои од отворените прашања со кои ce соочува компаративната педагогија во градењето на својот идентитет како посебна научна дисциплина. Најнапред ce проследува историскиот развој од аспект на фокусираноста на истражувачкиот интерес кон градењето на дистинктивна методолошка рамка или кон определување на содржинските аспекти на проучувањето. Потоа ce фрла светлина на терминолошката разнообразност во дефинирањето на науката за компаративно проучување на образованието, како резултат на различниот културен и јазичен контекст и образовната традиција на земјите во кои ce развива.
Третиот предизвик ce однесува на фокусираноста на релацијата образование-општество или на проучувањето на воспитувањето и образованието како автономен отитестеен систем. На крај ce разгледува дилемата околу определување на ширината и обемот на компаративното проучување на образованието.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Сузана Миовска-Спасева

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.