ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ПРЕТПРИЕМНИЧКА КУЛТУРА

Автори

  • Јован Пејковски Faculty of Philosophy, Institute of Social Work and Social Policy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Republic of Macedonia

Клучни зборови:

претприемништво,, образование, претприемничка култура, можности, вработување

Апстракт

Претприемништвото како фактор за стопанисување во секое општество има нагласено место и улога. Неговото влијание и можностите за институционално обликување се предмет на постојан интерес за да се забрза растот и развојот. Едукацијата за претприемништво и за градење на претприемничка култура се пресудни фактори за перманентно изразување на претприменичката функција и за динамизирање на развојот.
Во трудот предмет на интерес се организационите облици и мерките на системската регулатива со кои може да се влијае на посилно или послабо изразување на претприемништвото. Во прв ред се однесува на едукацијата на разни нивоа за стекнување на современи знаења за работа во претприемничката сфера. Со тоа се создаваат услови едуцирани генерации млади да се вклучуваат во претприемничкото пазарно работење и да се вработуваат. Се укажува на потребата од осовременување на образованието и примена на одржливи претприемнички идеи на долг рок.
Со реедукација и преквалификација невработените треба да се стекнуваат со претприемничко знаења и брзо да се прилагодуваат кон новите техники и технологии според барањата на пазарот.
Врската меѓу научните и стручните институции и потенцијалните претприемачи е неопходно да јакне како спрега на интереси кои со креација и дисеминација на иновациите и трансферот на знаењата и технологиите создаваат нови работни места. Со едукација и осознавање на облиците на претприемништво, како и со создавање на претприемничка култура се зголемуваат можностите за вработување на бројни категории лица на пазарот на трудот, а со тоа се решаваат социјалните потреби и барања на граѓаните.

Референци

Објавено

2016-11-01