ПРОФЕСИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ОДДЕЛЕНСКИТЕ НАСТАВНИЦИ НИЗ ПРИЗМАТА НА РЕФОРМИТЕ ВО ОСНОВНОТО И ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автори

  • Сузана Миовска-Спасева Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Клучни зборови:

одделенски наставници, образование на наставници, реформи во образованието, основно образование, високо образование

Апстракт

Трудот претставува анализа на современиот образовен и професионален идентитет на одделенските наставници во Република Македонија кој се гради врз основа на спроведените последни реформи во основното и во високото образование. Основната теза од која се поаѓа е дека имплементацијата на деветгодишното основно образование и на Болоњската реформа се „прекршува“ врз образованието на одделенските наставници и отвора повеќе прашања кои се однесуваат на нивното образование, компетенции и статус. Вниманието е, главно, насочено кон предизвиците со кои се соочува иницијалното образование на одделенските наставници, при што се укажува на повеќе неусогласености и недоречености кои се однесуваат на дипломите и звањата кои ги стекнуваат студентите со завршувањето на соодветниот факултет, на статусот и компетенциите на профилите кои можат да работат како одделенски наставници, како и на институционалната и програмската поставеност на образованието на одделенските наставници во Македонија. Во трудот се дава и кус компаративен приказ на образованието на одделенските наставници пред и по воведувањето на Болоњскиот систем на работа, во однос на времетраењето на студиите, студиската програма и организацијата и реализацијата на наставниот процес на факултетите кои го подготвуваат овој кадар.

Референци

Објавено

2015-06-01