МОБИЛНОСТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – КОНЦЕПТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ОБРАЗОВНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автори

  • Марија Тофовиќ-Ќамилова Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  • Елизабета Томевска-Илиевска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Дарко Димитров Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, Скопје, Р. Македонија

Клучни зборови:

образовна мобилност, Европски образовни програми, образовна политика, образовни капацитети

Апстракт

Во трудот се третира една интересна, современа и недоволно проучувана појава во македонскиот образовен систем. Станува збор за систематски и организирани практики, со релативно посовремен датум, со кои во најгенерални рамки нашето образование во ôд се приближува кон европскиот образовен простор.
Во трудот се дава своевиден пресек на образовните определби од ваков карактер кои се реализирале во периодот од 2007 до 2013 година. Притоа евидентно е дека воведувањето и имплементацијата на многубројни Европски програми и иницијативи се насочени кон осовременување на македонскиот образовен систем, следење на современите развојни тенденции во образованието во Европа и подигнување на квалитетот на личниот и професионален развој на поединецот, како и зајакнување на институционалните капацитети во сферата на образовните политики. Искуствата од спроведувањето на овие програми ќе резултираат со унапредување на образовните политики и развој на нови образовни стратегии во Република Македонија.

Референци

Објавено

2015-06-01