(РЕ) ФОРМИТЕ ВО ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Клучни зборови:
реформи, воспитно-образовен систем, педагогија, образовни политикиАпстракт
Педагогијата како никогаш досега не била толку одвоена од општествените односи и воопшто од животот на децата, учениците и студентите. Па дури и тогаш кога се чинело дека се наоѓа на маргините на општествените случувања. Целите на воспитанието и образованието имаат смисла само тогаш кога се општообврзувачки, тоа значи да зависат и да бидат поврзани со чистите теориски науки како што се логиката, етиката и естетиката. Антрополошката, етичката и длабоката духовна смисла се во коренот на воспитанието и образованието. Сите реформи кои не го почитувале овој принцип, пропаднале. Затоа клучот на успехот е човекот (учителот, наставникот, професорот) и неговата средба со детето, со ученикот, односно со студентот.
Еден од проблемите на пристапот на реформите во воспитно-образовниот систем на РМ е што не се темели на овие дисциплини и принципи, не се темели на оваа смисла, нема филозофско и педагошко потекло. Темелот на реформите се политичкиот прагматизам, опортунизам и ефемерно поставените цели. Последицата од тие образовни политики се: пренесување и наметнување од други образовни системи различни програми, прописи, мерења, тестирања, рангирања и стандардизирање на институционално и национално ниво што веќе сите нас (учениците, учителите, професорите, родителите), не доведува пред
„јапонскиот синдром“ – форсирање на натпреварувачкиот дух, притоа заборавајќи дека тоа е првиот принцип на војна во свеста на човекот, наместо развивање на рефлексивно и креативно размислување. Од друга страна, пак, на педагогијата и педагозите им се упатуваат и многубројни приговори дека не е во состојба да ги реши проблемите на воспитно-образовниот систем, препуштајќи им да се занимаваат со ексцесните појави во училницата и училиштата. Од педагогијата не се очекува, а притоа и таа самата се однесува инфериорно да се занимава со темелните прашања како општествена и хуманистичка сила која мора да ги подготви релевантните претпоставки во донесувањето на квалитетни образовни политики.
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2015 Кирил Барбареев

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.