НАСТАВНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ИКТ ВО НАСТАВАТА

Автори

  • Вера Стојановска Faculty of Philosophy, Institute of Pedagogy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Republic of Macedonia

Клучни зборови:

ИКТ, настава, наставници, основно образование

Апстракт

Од првата деценија на 21-от век, нашата држава како една од земјите во транзиција се соочи со многубројни барања кои за својата реализација бараа преструктуирање на некои сегменти од општеството. Еден од тие сегменти беше и образованието. Затоа, во таа насока, последниве две децении беа реализирани повеќе проектни активности во функција на стратешки дефинираните реформските зафати во сферата на образованието. Генерално, нивната цел беше модернизација на образованието преку опремување на училиштата со современи наставни средства и обуки на наставниците за практикување на современи наставни технологии. Во тие рамки беа спроведени и разновидни обуки за наставниците се со цел да се обезбеди поквалитетна настава со примена на информациско – комуникациските технологии (ИКТ).
Имајќи ги предвид бројните активности кои досега беа реализирани во функција на имплементацијата на ИКТ во наставата, сметавме дека е значајно да се добијат емпириски наоди во врска со релевантни прашања кои, директно или индиректно, расветлуваат различни аспекти од примената на ИКТ во наставниот процес.
Оттаму, предметот на ова истражување е примената на ИКТ во настава во основното образование. Целта на истражувањето е да се согледа и да се прикаже актуелната состојба на примената на ИКТ во настава, врз основа на ставови и мислења на наставниците кои директно се вклучени во наставниот процес. За прибирање на потребните емпириски податоци е користена техниката на анкетирање. Со истражувањето беа опфатени 160 наставници од неколку основни училишта од територијата на Р. Македонија.
Резултатите од ова истражување даваат одредени одговори во врска со одделни аспекти на примената на ИКТ во наставата и проблемите со кои се соочуваат наставниците при реализација на наставата.

Референци

Објавено

2016-11-01