ПЕРФЕКЦИОНИЗАМ И ДЕПРЕСИВНОСТ КАЈ СРЕДНОШКОЛЦИ

Автори

  • Виолета Арнаудова Faculty of Philosophy, Institute of Psychology, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Republic of Macedonia

Клучни зборови:

перфекционизам, адаптивен перфекционизам, неадаптивен перфекционизам, депресивност, ученици

Апстракт

Спроведеното истражување има цел да ја утврди поврзаноста меѓу перфекционизмот и депресивноста кај средношколци. На примерок од 90 средношколци (48 машки, 42 женски), е примената скала на Slaney и сор. за мерење на перфекционизмот (Almost perfect scale-revised) и скала на Beck (Beck Depression Inventiory) за мерење на депресивностa. Скалата за перфекционизам има 3 субскали (лични стандарди, уредност и дискрепанца) од кои првите две (лични стандарди, уредност) се однесуваат на адаптивниот перфекционизам, додека третата (дискрепанца) се однесува на неадаптивниот перфекционизам.
Тестирани се две хипотези: 1.Зголемувањето на адаптивниот перфекционизам е следено со намалување на депресивноста, а зголемувањето на неадаптивниот перфекционизам е следено со зголемување на депресивноста. 2. Средношколците од различен пол не се разликуваат во однос на перфекционизмот и депресивноста. Поврзаноста на варијаблите е проверена со Пирсонов коефициент на корелација, а за испитување на половите разлики во однос на мерените варијабли е применет t-тест. Резултатите покажуваат дека: со зголемување на адаптивниот перфекционизам се намалува депресивноста (r(88)=-.24, p<.05); со зголемување на неадаптивниот перфекционизам се зголемува депресивноста (r(88)=.22, p<.05); средношколците од различен пол не се разликуваат значајно во однос на депресивноста (t(88)=1.10, p>.05) и во однос на неадаптивниот перфекционизам (t(88)=1.14, p>.05), додека во однос на адаптивниот перфекционизам постои статистички значајна разлика во прилог на женскиот пол (t(88)=1.93, p<.05).

Референци

Објавено

2016-11-01