ВОСПИТНО – ОБРАЗОВНИТЕ ПОЛИТИКИ ВО УСЛОВИ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ОСТВАРУВАЊЕ НА ВОСПИТНАТА УЛОГА НА НАСТАВНИКОТ

Автори

  • Катерина Митевска Петрушева University of Tourism and Management – Skopje, Republic of Macedonia

Клучни зборови:

наставник, воспитна улога, знаења, мерливост, воспитување.

Апстракт

Предметот на интерес во овој труд е насочен кон истражување на прашањето како промените во воспитно-образовните политики и актуелните реформи, кои се вршат под влијание на процесот на глобализација и неговото влијание во воспитно-образовната сфера, се рефлектираат врз остварувањето на воспитната компонента, набљудувано низ призмата на воспитната улога на наставникот.
Едно од обележјата на современото глобално општество е енормниот напредок на науката, кој набљудувано од аспект на воспитно-образовниот процес ја наметнува потребата од постојано стекнување нови знаења, како услов за опстанок и функционирање во современиот свет. Следствено на ова, во следење на резултатите постигнати низ воспитно-образовниот процес, акцентот првенствено се става на мерливост на знаењата и стекнатите компетенции. Сепак, во вакви услови не треба да се занемари и вредносната категорија на знаењата, односно колку тие придонесуваат кон градење на личноста, нејзиниот идентитет и оспособување за зачувување и унапредување на општоцивилизациските вредности, како цели кои треба да се остварат преку воспитната работа на наставникот.
На примерок од 129 наставници од средните училишта во Скопје, реализирано е истражување кое имаше за цел да утврди колку наставниците, во услови на постојани промени посветуваат внимание на остварување на воспитната улога, како и дали и на кој начин се следи и вреднува овој аспект од нивната работа. За испитување на поставените цели на истражувањето се применети инструментите анкетен прашалник и протокол за анализа на содржини.
Добиените сознанија покажуваат дека недоволно се обрнува внимание на воспитната проблематика како резултат на сè почестото истакнување и придавање важност на некои други аспекти во работата на наставникот.

Референци

Објавено

2016-12-01