ПОУЧУВАЊЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ – НАСОЧЕНО КОН НАСТАВНИКОТ ИЛИ НАСОЧЕНО КОН СТУДЕНТОТ

Автори

  • Орхидеја Шурбановска Faculty of Philosophy, Institute of Psychology, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Republic of Macedonia

Клучни зборови:

поучување насочено кон наставникот, поучување насочено кон студентот, студенти, наставници

Апстракт

Сведоци сме за масовноста на тековниот високообразовен систем, во квантитетот на студентите, кој и по квалитет неверојатно многу ја разделува студентската популација. Од друга страна се поставува прашањето колку се имплементира средина за учење која ги става студентите во фокусот. Под временски притисок наставниците често прават брзи и непромислени избори за нивното поучување. Целта на овој труд е да се испита како студентите ја перципираат наставата (предавањата и вежбите) на нивните факултети, од аспект на тоа дали е насочена кон студентите или кон наставникот. Во истражувањето се опфатени 203 студенти, од 3 различни факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, и тоа од: Филозофскиот факултет (N=97), Филолошкиот факултет (N=56) и Архитектонскиот факултет (N=50). Инструментот со кој се мереше перцепцијата на студентите на наставата на нивните факултети беше изработен за потребите на ова истражување, при што беше пресметана релијабилноста Кронбахова алфа = .83. Студентите ја проценуваа наставата на 19 прашања (поодделно за предавања и вежби и поодделно за настава насочена кон наставникот и настава насочена кон студентот) на ликертова скала од 1-4, при што минимален скор е 19 a максимален е 76 на секоја субскала. Добиени се следниве резултати: кај студентите од Филозофскиот факултет не постои разлика во проценката на наставата насочена кон наставникот и кон студентот (t= -.558; p>0,05), додека кај студентите од Aрхитектонскиот (-5.743; p<0,01) и Филолошкиот факултет (-5,870; p<0,01) наставата е проценета како насочена на студентот.

Референци

Објавено

2016-12-01