НАСТАВНИЦИТЕ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ - ЗА НЕКОИ ИСКУСТВА ВО ПЕДАГОШКИТЕ ПРИОДИ КОН ЕВАЛУАЦИЈАТА, САМОЕВАЛУАЦИЈАТА И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КВАЛИТЕТ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И НАСТАВАТА
Клучни зборови:
научен развој, отворени училишта, квалитетни наставници, вреднувањеАпстракт
Следејќи ја тенденцијата на глобализација, а во намерата да се доближи до нивото на развој на високоразвиените земји, Република Македонија презема крупни чекори во сферата на образованието. Еден од тие чекори е продукција на ефективни наставници кои ќе реализираат ефикасна настава, а нејзините продукти, креативни, иницијативни, способни млади луѓе активно ќе се вклучат во заедницата и смело ќе чекорат кон промените. Ефикасноста на чекорите меѓу другото, е условена и од самите наставници. Имено, наставниците како реализатори на наставниот процес и еден од директните учесници се клучен фактор во успехот и одржливоста на стратегиите и целите на националната образовна политика. Од тие причини наша цел беше да ги испитаме ставовите и мислењата на наставниците за вреднувањето на нивната работа. Резултатите од истражувањето покажаа дека наставниците во основните училишта имаат позитивен став по прашањето за потребата и значењето на континуираното следење и вреднување на нивната работа заради обезбедување повратна информација за нивната работа и натамошно унапредување. Истражувањето покажа дека наставниците имаат и конкретни предлози како да се унапреди системот на вреднување на нивната работа а еден од нив се однесува на поврзување на вреднувањето со унапредувањето во работата, односно кариерниот развој на наставниците.