ПРЕДУЧИЛИШНОТО ВОСПИТАНИЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ХОЛИСТИЧКИОТ ПРИСТАП

Автори

  • Алма Тасевска Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Клучни зборови:

Холистички пристап, концепциски и програмски реформи, предучилишно воспитание и образование

Апстракт

Предучилишното воспитание и образование во Република Македонија, во изминатиот период подлeжеше на низа реформи, промени и влијанија кои имаа за цел системско, концепциско, програмско и содржинско иновирање. Како значаен потсистем во кој започнуваат првите организирани и систематски влијанија врз развојот на личноста, особено е битно што, како и на кој начин ќе се пристапи во неговото реформирање. Главната тенденција беше насочена кон надминување на слабостите кои беа евидентирани во пристапите на планирање, програмирање и реализирање на воспитно-образовниот процес. Во таа смисла следеа низа на промени кои главно иницираа разлики во програмската поставеност, како и осовременета концепциска поставеност на следењето и поттикнувањето на развојот на личноста на секое дете од 0 до 6 години. Тематскиот пристап како носечки во дотогашниот период беше надминат со актуализирање на интегрираниот пристап чија аналитичност оди чекор понапред во смисла на хоризонтална и вертикална опфатеност на програмските подрачја. Така осовременета дидактичко-методска определба го промовираше и холистичкиот пристап кој во својата основа вклучува конзистентност и сеопфатност во процесот на стимулирање на сите аспекти од развојот на детската личност.
Вака поставените реформи иницираат концепциско-програмски промени кои треба да бидат основа на дидактичко-методската комбинаторика на секој воспитувач, односно да се даде белег на личното воспитно-образовно креирање и практично пресликување на овие документи како најзначаен сегмент на реформите во предучилишното воспитание и образование.

Референци

Објавено

2015-06-01