ФУНКЦИЈАТА НА ПОРТФОЛИОТО
Клучни зборови:
описно оценување, современа настава, наставници, ученициАпстракт
Промените кои следеа во образованието во нашата Република е одраз на современите светски трендови во образованието како резултат на општествено- економските промени и брзиот технички- технолошки развој. Оттука се наметна потребата од промените кои се насочени кон унапредување, подобрување на квалитетот на воспитно- образовниот процес. За таа цел во нашата држава се воведе описното оценување на учениците од прво до трето одделение во учебната 1997/98 како пилот проект кој опфати неколку училишта на територијата на нашата држава, а потоа наредната учебна година и задолжително се воведе во сите училишта ширум републиката. Воведувањето на описното оценување со себе носи и други новитети, за тоа како треба да се сублимираат постигнатите резултати на учениците по одреден предмет или одредена материја. За таа цел, задолжително за учениците кои што се оценуваат описно, е водење на портфолио за секое дете поединечно од страна на наставникот.