ЕСТЕТСКОТО ВОСПИТАНИЕ ВО СОВРЕМЕНОТО ГЛОБАЛНО ОПШТЕСТВО
Клучни зборови:
Естетско воспитание, естетски вредности, убавото, педагогија, глобално општествоАпстракт
Естетското воспитание во наше време добива нови димензии и ново значење за индивидуалниот развиток на секој човек и за животот во современото глобално општество.
Во оваа смисла можеме да говориме за претпоставки кои ја условуваат потребата од естетско воспитание и уште повеќе, ја детерминираат неговата системска и концепциска поставеност и реализација.
Современата теорија на естетското воспитание потполно го прифаќа ставот дека постојат општествени и индивидуални претпоставки кои ја детерминираат потребата од естетското воспитание и естетските вредности кои треба да го проткајуваат животот на денешниот човек.
Објективни основи за експонирањето на естетското воспитание во современите услови на живот и работа на современиот човек најнепосредно се поврзани со глобалните противречности и проблеми кои произлегуваат од научно-технолошката револуција и навлегувањето на научно-техничкиот процес во сите сфери на животот и работата на човекот.
Денес, убавото станува категорија која го испреплетува животот во неговата целосност и комплексност.
Барањето за забележување на убавото и проценување на естетски вредности во уметноста значи кај секој поединец да се формира способност да умее да процени што е естетски вредно, а што е кич во уметноста. Таквото барање има посебно значење во новонастанатото време кога сме преплавени со активности, најблаго речено, со сомнителни квалитети.