БЕЛЕШКА ЗА БАРТОВОТО КРИТИЧКО ЧИТАЊЕ НА ПРУСТ И ЗА ДУАЛНОСТА СМИСЛА/ПОЛЕ НА СМИСЛАТА
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/JCP2472007bКлучни зборови:
Барт, Пруст, сетило/сетилно поле, книжевна теоријаАпстракт
Денес може лесно да се дефинира позицијата што ја зазема Ролан Барт при читањето на Марсел Пруст, благодарение на објавувањето на неговите најзначајни текстови во врска со Пруст, во делото Marcel Proust, Mélanges (2020). Бартовото читање на Пруст ја нагласува играта на дуалноста помеѓу „смисла“ и „поле на смислата“ во À la recherche du temps perdu (Во потрага по изгубеното време). Истовремено, ова читање ги истражува како специфичната темпоралност на наративот, која наметнува истоветност на минатото, сегашноста и иднината, така и необичната повратност и завршеток на романот, кои прават минатото на Пруст да биде иднина на нараторот. Коментарите на Барт во врска со À la recherche du temps perdu ги расветлуваат и ги ревидираат главните концепти на неговата книжевна теорија. Преку интеракцијата на дуалноста смисла/поле на смислата, тие упатуваат на тоа како, од една страна, да се редефинира книжевноста и како да се надминат, од друга страна, критичките безизлезности коишто Барт ги согледа во Le Degré zéro de l'écriture (Нулти степен на писмото).
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија