СТРУКТУРНИ И КУЛТУРОЛОШКИ АСПЕКТИНА ОДГОВОРИТЕ НА КОМПЛИМЕНТИТЕВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СПОРЕДБА СО АНГЛИСКИОТ

Автори

  • Нита Деари ООУ „Фаик Коница“, Слупчане

ДОИ:

https://doi.org/10.37834/JCP1810081d

Клучни зборови:

говорни чинови, теорија на учтивост, лице, чинови кои го загрозуваат лицето, комплименти, одговори на комплименти

Апстракт

Во овој труд се истражуваат комплиментите и нивните одговори за да се видaт културолошките разлики и сличности меѓу македонскиот, албанскиот и англискиот народ при употреба на овој говорен чин. Истражувањето се базира на два корпуса: првиот од реални ситуации (КРС) кој содржи 100 примери и вториот преку прашалник со ситуации (КПС) кој содржи 1320 примери, коишто ни овозможуваат да дојдеме до важни сознанија. Се истражува втората секвенца на говорниот чин на давање комплименти, т.е. одговорите на комплиментите за да се види до која мера тие ја отсликуваат културата на македонскиот и на албанскиот народ. Посебно внимание се обрнува и на теоријата на учтивост на Браун и Левинсон и поимот лице, во чии рамки се истражуваат одговорите на комплиментите за да се види како се перципира учтивоста во овие две култури и дали се склони кон самопофалба или кон скромност. Одговорите на комплиментите се истражуваат и како потенцијални чинови кои го загрозуваат лицето или како чинови кои ги ублажуваат заканите за лицето. Преку анализа на одговорите на комплиментите, според варијаблите етникум, пол и возраст, се проверува колку овие три параметри влијаат врз начинот на кој се одговара на комплимент и дали има претпочитани модели на одговори за овие категории. Сознанијата се поврзани со хипотезата дека постојат сличности меѓу македонската и албанската култура како последица на нивната припадност во една заедничка култура- балканската.

Преземања

Објавено

2018-06-30

Издание

Секција

Лингвистика

Како да се цитира

“СТРУКТУРНИ И КУЛТУРОЛОШКИ АСПЕКТИНА ОДГОВОРИТЕ НА КОМПЛИМЕНТИТЕВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СПОРЕДБА СО АНГЛИСКИОТ”. 2018. Journal of Contemporary Philology 1 (1): 81-109. https://doi.org/10.37834/JCP1810081d.