ИЗРАЗУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕЈАЗИЧНОТО СЕБСТВО ВО ДИКТАТ НА ТЕРЕЗА ХАК КУНГ ЧА
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/JCP2472037rКлучни зборови:
изразување, субјективност, обврзување на вистинитост, говорен чинАпстракт
Оваа студија се фокусира на специфичните лингвистички обележја коишто означуваат обврзување на вистинитост во исказот во делото Диктат, најпознатото прозно остварување на американската поетеса и уметница Тереза Хак Кунг Ча.
Диктат на Тереза Хак Кунг Ча е автобиографско дело, во кое се истражува идентитетот на протагонистката низ врската со личната семејна историја на авторката, како и со историските настани и со многубројните упатувања на женски митолошки фигури. Во делото, слоевите на себството се дополнително искажани преку специфичниот однос кон публиката и преку фрагментираната форма, којашто тешко може жанровски да се определи. Фокусирајќи се на лингвистичкиот концепт обврзување на вистинитост во говорниот чин, студијата истражува како Ча го развива повеќејазичниот субјект преку искажувањето. Фокусирајќи се на употребата на заменките, на улогата на глаголската именка во менувањето на синтаксата и на преминот од француски на англиски јазик и обратно, студијата ја открива врската помеѓу вообличувањето на говорниот чин и повеќејазичното себство. Може да се заклучи дека текстуалната фрагментација во Диктат не треба да се чита како дезинтеграција или неспособност да се вообличи искажувањето, или како сомнеж во однос на женскиот повеќејазичен идентитет. Фрагментираниот израз не само што е неопходен за опфаќање на различните елементи на повеќејазичното себство туку и помага да се нагласи врската помеѓу напишаното и говорниот чин, како седиште на повеќејазичниот субјект.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија