ВАРВАРИТЕ ДО НАС, ВАРВАРИТЕ ВО НАС: ХУМАНОТО И СУПХУМАНОТО ЛИЦЕ НА КОНТИНЕНТОТ

Автори

  • Ангелина Бановиќ-Марковска Ss. Cyril and Methodius University, Skopje , Универзитет „Св. Кирил и Методиј‘‘, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37834/JCP2472061bm

Клучни зборови:

Куци, Европа, колонизација, варвари, биополитика

Апстракт

Западноевропската цивилизаторска и колонијална парадигма ја препознала и впишала другоста во дивиот, нагонски, сексуално потентен и агресивен варварин, опишан во романот на Џон Максвел Куци, Чекајќи ги варварите. Но Тврдината Европа – на чии граници преживуваат денес милиони бегалци и мигранти од блискиот Исток – не е само целта што Другиот очајнички ја посакува, туку и местото на кое се случува неговата смрт. Првата перцепција за Европа ја претставува „зоната на постоењето“, втората „зоната на непостоењето“.  Едната  им  припаѓа  на  граѓаните  (humans),  другата  на „неграѓаните“ (subhumans) – бегалците, мигрантите, азилантите, дислоцираните, дискриминираните – чијашто „гола егзистенција“ го поништува современото сфаќање за субјективитетот. Исклучени од системот, супхуманите го претставуваат денес конститутивниот недел на Европа. Тие се диферАнсот на „европскиот апартхејд“, надворешна дијалектика на неговиот симболички поредок, чијашто лажна хуманитарност го открива своето мрачно колонијално и расистичко лице. Овој текст ќе се обиде да покаже колку, во својата крајна инстанца, европската политика е самодеструктивна, а нејзиниот биополитички систем – танатополитички, оти (како суштина на неолиберализмот), „смртта на политичкото“ ја имплицира самата смрт.

Преземања

Објавено

2024-12-06

Издание

Секција

Литература

Како да се цитира

“ВАРВАРИТЕ ДО НАС, ВАРВАРИТЕ ВО НАС: ХУМАНОТО И СУПХУМАНОТО ЛИЦЕ НА КОНТИНЕНТОТ”. 2024. Journal of Contemporary Philology 7 (2): 61-83. https://doi.org/10.37834/JCP2472061bm.