ЧУДНОТО И КОМИЧНИОТ ЕФЕКТ ВО РОМАНОТ НЕВИДЛИВИОТ ЧОВЕК НА Х. Џ. ВЕЛС

Автори

  • Кристина Димовска Marko Cepenkov Institute of Folklore in Skopje , Институт за фолклор „Марко Цепенков‘‘- Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37834/JCP2472085d

Клучни зборови:

Х. Џ. Велс, Невидливиот човек, Грифин, чудно, комичен ефект

Апстракт

Во трудов ќе се дефинира терминот „чудно“ и ќе се дадат примери за комичните ефекти коишто потенцијално произлегуваат од него во романот Невидливиот човек ([1897] 2010) на англискиот писател Херберт Џорџ Велс.

„Чудното“ може да се дефинира како она што отскокнува и што не припаѓа на вообичаениот, секојдневниот и рутинскиот тек на нештата, и како она што е спротивно на нормираното и на социјално пропишаното (воспитување, однесување, очекување). Комичниот ефект што произлегува од она што е чудно може да се дефинира како неочекувана реакција на нешто сериозно, кое е претставено на комичен начин.

Чудното во Невидливиот човек се препознава во изгледот на главниот лик на странецот Грифин, во неговите гестови, движењата на телото и репликите кон другите ликови. Во овој роман на Велс, како роман во кој се обединети комичното и сериозното, смешното и ужасното – чудното, стравот и страшното не постојат изолирано од комичното и од бизарното. Сите овие елементи се составен дел на структурата на романот, во кој се претставени сцени на чудни и необични настани, појави, ликови и дејства кои имаат комичен ефект.

Комичните сцени, или сцените кои предизвикуваат комичен ефект, служат како авторска постапка или механизам за постепено и рамномерно градење или развивање на неизвесноста, која кулминира со неочекуван пресврт кон крајот на романот.

Преземања

Објавено

2024-12-06

Издание

Секција

Литература

Како да се цитира

“ЧУДНОТО И КОМИЧНИОТ ЕФЕКТ ВО РОМАНОТ НЕВИДЛИВИОТ ЧОВЕК НА Х. Џ. ВЕЛС”. 2024. Journal of Contemporary Philology 7 (2): 85-96. https://doi.org/10.37834/JCP2472085d.