ХЕЛИОТРОПИЧНИ КОМПАСИ : СЕНТИМЕНТАЛНИОТ СОН ЗА ЈУГОТ ВО ЛИРИКАТА НА МАКСИМИЛИЈАН ВОЛОШИН И НИКОЛАЈ ГУМИЉОВ
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/JCP2472097kКлучни зборови:
Југ, патување, егзотизам, хронотоп, географска имагинацијаАпстракт
Статијата е сосредоточена на херменевтичко промислување на Југот како одеопоричен, симболичко-архетипски, геопоетички и сентиментален топос во лириката на Максимилјан Волошин и на Николај Гумиљов – класични, но и апартни фигури во книжевноисториската отсечка на сребрениот век на руската поезија. Поаѓајќи од премисите за мистицизмот на Југот, семантичките нијансирања на феномените на егзотичното и на Другоста, како и симболичката поливалентност на Сонцето и на Морето, се иследуваат фасцинацијата од африканските култури и природата во стиховите на Гумиљов, како и опчинетоста од историските и природни сокровишта на Медитеранот во пејзажната лирика на Волошин. Оттаму произлегуваат заклучоците за суштинската ролја на странствувањето, играта со границите меѓу физичката и имагинарната географија, романтичарскиот ескапизам и феноменолошките раслојувања на хронотопската детерминанта на Југот, во нејзината семантизација како метафизичка метонимија за бодлеровското Непознато. Во дослух со појдовните премиси, тематското проникнување ги докажува силните струи на географската имагинација во лириката на Волошин и на Гумиљов, кои ја отелотворуваат идејата за митизација на чудесниот и мистичен Југ.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија