МИТОТ ЗА МОНСТРУОЗНАТА ЖЕНСКОСТ: ВИДУВАЊЕ ЗА МЕСОПОТАМСКИТЕ, АНТИЧКО-ГРЧКИТЕ И АЛБАНСКИТЕ ЖЕНСКИ ЧУДОВИШТА
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/JCP2472113sКлучни зборови:
митологија, монструозна женскост, чудовишта, род, создавање културиАпстракт
Студијата го анализира претставувањето на монструозната женскост во месопотамските, античко-грчките и во албанските митови и фолклор, притоа поврзувајќи ги и интерпретирајќи ги низ идеите на Барбара Крид (1993) во нејзината книга „Монструозната женскост – филм, феминизам, психоанализа“. Во студијата се разгледуваат прашањата за монструозната женскост и начинот како тие се поврзани во различни култури и географски простори. Се разгледува што ни посочуваат овие прашања за културната перцепција на феминизмот, се анализира како овие прашања често се користат за да ги портретираат опасноста и ризикот во општествата доминирани од мажите, а се разгледува и врската помеѓу овие митови и митолошки суштества со интерпретацијата на Крид за монструозната женскост во хорор- филмовите. Проучувајќи ја оваа тема, се добива појасен увид како овие култури, но и не само тие, ги портретираат женските чудовишта и чудовишни суштества, каква улога имаат во создавањето на културите на овие општества, како ги рефлектираат општите психосоциолошки тенденции и како продолжуваат да влијаат до денешен ден врз нашето разбирање за родовите улоги, општествените обврски и метафизичките гледишта.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија