Страна со историја на уредување

Овој дел ги наведува претходните соработници.

Научното списание Современа филологија (СФ) е меѓународно електронско списание со двојно анонимно рецензирање, кое објавува висококвалитетни научни статии од областа на лингвистиката, применетата лингвистика, литературата и културолошките студии. Списанието има за цел да ги поттикне и да ги промовира истражувањата кои се однесуваат на теориски и на применети прашања, со посебен фокус на современите текови, на иновативните методологии и на интердисциплинарните пристапи.
СФ прифаќа оригинални трудови кои:
- обработуваат лингвистички, книжевни и културолошки аспекти;
- вклучуваат компаративна или контрастивна анализа;
- истражуваат клучни прашања од книжевната теорија и критика;
- се однесуваат на преведувањето и на меѓукултурната комуникација.
Особено се добредојдени прилози што обработуваат теми од доменот на балканистичките и на славистичките студии.
Ги покануваме авторите да испраќаат претходно необјавени научни трудови, прегледни статии и рецензии на книги, напишани на англиски или на македонски јазик. Списанието излегува двапати годишно, со поддршка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.